Бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари.
Basic Tan Pack
2.430,00 ден Original price was: 2.430,00 ден.1.715,00 денCurrent price is: 1.715,00 ден.
Опис
Создаден за сите кои сакаат интензивен бронзен тен, мазна кожа и препознатлив Shine Brown сјај. BASIC TAN PACK ги комбинира двата најпрактични производи за сончање и нега – богат Shine Brown Original Butter и лесниот Shine Brown Tan Oil.
Shine Brown Original Butter
Богат путер за потемнување со кремаста текстура, наменет за интензивирање на изгледот на тенот и истовремена нега на кожата.
Формулата е збогатена со какао путер и растителни масла, кои помагаат кожата да остане мека, мазна и хидрирана додека се изложува на сонце. Богатата текстура е особено пријатна за сува кожа и остава убав, негуван финиш.
Shine Brown Tan Oil
Масло за потемнување со лесна текстура, создадено за оние кои сакаат поинтензивен бронзен изглед и сјајна кожа. Маслата во формулата ја омекнуваат и негуваат кожата, додека маслениот финиш го нагласува бронзениот изглед на тенот.
Зошто токму оваа комбинација?
Путер за богата нега + масло за сјаен финиш.
Двата производи можеш да ги користиш во зависност од потребите на кожата и посакуваниот финиш. Путерот е одличен избор кога сакаш побогата нега и хидратација, додека маслото е идеално кога сакаш полесно нанесување и дополнителен сјај.
BASIC TAN PACK е одличен избор за:
- интензивен и бронзен изглед на тенот
- сува и дехидрирана кожа
- мека и мазна кожа
- сјаен „glowy“ финиш
- комплетна летна tanning рутина
Во пакетот добиваш:
- Shine Brown Original Butter
- Shine Brown Tan Oil
Подготви ја кожата. Засили го бронзениот изглед. Заблескај со Shine Brown.
Важно: Производите за потемнување не обезбедуваат доволна заштита од UV зрачење и не се замена за SPF. При изложување на сонце користете соодветна SPF заштита.
Дополнителни информации
| Size | 150ml, 200ml |
|---|
