Бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари.
Политика за поврат на средства и враќање на производи
Испорака
Margo.mk нуди бесплатна испорака за сите нарачки во вредност над 1.200 денари.
Нарачките се доставуваат преку лиценцирана служба за брза пошта, во рок од 1 до 3 работни дена од потврдувањето на нарачката. Во исклучителни ситуации, рокот за испорака може да биде продолжен до 5 работни дена.
За навремена и точна испорака, купувачот е должен при нарачувањето да внесе целосни и точни податоци.
При успешно направена онлајн нарачка, купувачот може да добие потврда и фактура на е-поштата внесена при нарачувањето. Со завршување на нарачката, купувачот се согласува фактурата да му биде доставена по електронски пат.
Margo.mk го задржува правото да одбие испорака на нарачка на купувачи кои во минатото неоправдано одбиле да примат уредно испратена пратка.
Начини на плаќање
Плаќањето може да се изврши:
- при доставата, со плаќање на курирот;
- онлајн, со платежна картичка Visa или Mastercard.
Проверка на пратката и рекламации
По приемот на пратката, купувачот треба да провери дали производите се оштетени и дали се во согласност со направената нарачка.
Доколку производот има видливи оштетувања, недостасува производ или испорачаниот производ не одговара на нарачката, купувачот треба да нè извести најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.
Известувањето треба да биде испратено преку е-поштата или контакт-формата наведена на Margo.mk и да ги содржи следните информации:
- име и презиме на купувачот;
- број на нарачката;
- опис на проблемот;
- фотографии од производот и пакувањето, кога тоа е применливо.
По разгледувањето на барањето, купувачот ќе биде известен за понатамошната постапка во најкраток можен рок.
Замена и враќање на производ
Замена или враќање на производ може да се изврши по претходен договор со Margo.mk.
Производот што се враќа треба да биде неупотребуван, неоштетен, во оригиналното пакување и со целосната придружна документација, освен кога се работи за производ што бил оштетен или погрешно испорачан.
Поради здравствени и хигиенски причини, козметички производи што биле отворени, употребени или чие заштитно пакување било отстрането не може да се вратат, освен кога производот има недостаток или не е во согласност со нарачката.
Трошоците за враќање на производот ги покрива купувачот, освен кога е испорачан погрешен, оштетен или неисправен производ.
По приемот на вратениот производ, Margo.mk ќе ја провери неговата состојба и ќе го извести купувачот дали барањето за замена или поврат е одобрено.
Поврат на средства
Доколку нарачката била платена со платежна картичка, повратот на средствата се врши исклучиво преку истата картичка и платежниот систем преку кој била извршена трансакцијата. Банката го извршува повратот на сметката на сопственикот на картичката, по барање на Margo.mk.
Рокот во кој средствата ќе бидат прикажани на сметката зависи од банката и од платежниот систем.
При враќање на производ по желба на купувачот, трошоците за првичната испорака и враќањето на производот може да бидат одземени од износот за поврат.
Доколку нарачката имала бесплатна испорака, а купувачот ја враќа целата или дел од нарачката без производот да биде оштетен, неисправен или погрешно испорачан, реалните трошоци за испораката може да бидат одземени од износот што се враќа.
Недостатоци на производот
Доколку производот има недостаток во смисла на важечките одредби од Законот за заштита на потрошувачите, купувачот може да поднесе рекламација преку контакт-податоците објавени на Margo.mk.
Margo.mk ќе постапи по рекламацијата во согласност со важечките законски прописи и ќе го извести купувачот за нејзиниот исход.